Search

Адеми повторно се повреди, Динамо киксна против Локомотива

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди на еден месец пред историскиот полуфинален мундијалски бараж со Италија во Палермо (24 март, 20.45 часот), откако неговиот соиграч Мишиќ го повреди при еден судир.

Адеми вечерва во загрепската пресметка на Динамо со Локомотива влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а осум минути по стартот на вториот дел невнимателниот Мишиќ се судри со Адеми, по што македонскиот репрезентативец остана да лежи на теренот со болна гримаса.

Но, иако се обиде да продолжи да игра, силниот удар во бурниот мускул очигледно бил преголем проблем, а колку е сериозно допрва ќе биде познато. Адеми во 57-та минута, само 12 минути откако влезе во игра, го напушти теренот, бесен за повредата, по што ја шутираше клупата за резерви.

Ако излезе посериозна повредата, а Адеми веќе имаше низа проблеми со бутниот мускул поради кои паузираше во два наврати сезонава од по еден месец, тоа ќе биде голем хендикеп прво за Динамо во пресрет на реваншот со Севилја во шеснаестфиналето во Лига Европа (1-3 по првиот меч), а потоа и за македонскара репрезентација во пресрет на исклучително важнот меч со европскиот првак во битката за пласман на СП.

Треба да знаете
Последни објави