Гројтер Фирт само ги налутија Баерн

Баерн Минхен на Јулијан Нагелсман не дозволи второ коло во низа германскиот шампион да биде поразен од апсолутен аутсајдер, откако се вратија по шокантното 0:1 водство на Гројтер Фирт за 4:1 победа и се вратија на +9 пред Борусија Дортмунд, пред нивното дерби на Борусиите денеска.

Гројтер, клубот кој од стартот на сезоната е „закован“ на дното на Бундеслигата, дојде до водство во 43. минута од мечот преку Швеѓанецот Бранислав Хргота, но само што почна второто полувреме, во 47. минута, Роберт Левандовски успеа да израмни на 1:1, пред во 61. минута Гризбек да си постигне автогол за водство на шампионот, а Левандовски уште еднаш „удри“ во 82. минута за потврда на победата, пред Ерик-Максим Чупо-Мотинг во 91. минута да ја потврди победата.

Баерн, да потсетиме, минатата недела загубија со неверојатни 4:2 од уште еден нов бундеслигаш, Бохум.

Треба да знаете
Последни објави