Search

Ромањоли се сели во Лацио

Милан, како сега стојат работите, во летниот преоден рок ќе остане без капитенот, Алесио Ромањоли. Италијанските медиуми тврдат, дека Ромањоли, како слободен играч ќе го засили Лацио.

Ромањоли, решил да ја прифати финансиската понуда од Лацио. Милан му понудиле годишна плата од 2.800.000 евра, што е помалку од она што ќе го добие од Лацио.

Покрај плата од 3.000.000 евра на годишно ниво, Ромањоли добил гаранции од Лацио дека секогаш ќе биде стартер.

Медиумите на Апенините, потсетуваат дека Ромањоли е голем навивач на Лацио и покрај тоа што во минатото, пред да се пресели во Милан, го носеше дресот на Рома.

Ромањоли (27), сезонава, настапил на 22 натпревари за Милан, постигнал еден гол. Тој пред седум години го засили Милан во трансфер вреден 25.000.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави