Search

ЗОИ Пекинг: Ноел и донесе злато на Франција во слалом по 20 години

Клеман Ноел е нов олимписки шампион во слалом. Ноел со триумфот во Пекинг го прекина 20-годишниот пост на Французите кои последен пат ги израдува Зан Пјер Видал на Игрите во Солт Лејк сити.

Ноел по првата трка беше шести со време од 54.30 секунди, но затоа извозе перфектно во втората со време од 49.79 секунди и на крајот со вкупно време од 1:44.09 минути го освои златниот медал.

Сребрениот медал го освои Јоханес Штролц од Австрија кој имаше време 1:44.70 минути, додека бронзата замина на градите на Себастијан Фос-Солеваг од Норвешка кој задоцни 70 стотинки зад олимпискиот шампион.

Треба да знаете
Последни објави