Search

(Видео) Втората сезона на најжешката серија на „Нетфликс“ доаѓа во март

Новата сезона на „Бриџертон“ пристигнува на 25 март.

Тизерот за втората сезона на една од најуспешните серии на „Нетфликс“ на сите времиња беше објавен на Денот на вљубените.

„Драг читателу, дали ти недостигав? вели Лејди Вислдаун на почетокот на тизерот, прегледан над 700,000 пати дента кога беше објавен.

„Додека членовите на нашето општество се сомневаа во мојот идентитет и намери, оваа авторка правеше само една работа. Ги усоврши своите вештини. Не, уште подобро! Ги изостри ножевите. За сите вас“, вели гласот во тизерот, па затоа гледачите заклучуваат дека новата сезона носи уште повеќе скандали.

А сигурно ќе има уште од популарните памфлети, викторијанска варијанта на „Озборувачка“, проткаени низ целата приказна на серијата.

Драмата од риџенси ерата е продуцирана од Шонда Рајмс, зад која стојат бројни успешни серии, меѓу кои и „Вовед во анатомија“.

Дејствието на „Бриџертон“ е сместено во Лондон во почетокот на 19. век и се опишува како историска верзија на култната тинејџерска серија „Озборувачка“. Станува збор за адаптација на серијал романи на Џулија Квин и го следи животот на семејството Бриџертон во високите кругови на Лондон. Веќе е потврдено дека ќе има и трета и четврта сезона.

Треба да знаете
Последни објави