Ѓоковиќ само вакциниран ќе може да игра на Индијан Велс

Само со потврда за вакцинација, светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, може да игра на мастерс турнирот во Индијан Велс!

Најдобриот светски тенисер се најде на списокот за учество на мастерс турнирот во Индијан Велс кој ќе се игра од 7 до 20 март. Сепак, се уште не се знае дали Србинот ќе може да настапи на „петтиот грен слем“ во сезоната.

Како што стојат работите во моментов, Новак ќе мора да се вакцинира доколку сака да тргне во поход кон шестиот трофеј на овој престижен Мастерс.

Со оглед на тоа што здравјето и безбедноста се врвни приоритети, турнирот ќе бара валиден доказ за целосна вакцинација за влез во тенискиот комплекс Индијан Велс. Насоките за играчите се регулирани со протоколи утврдени со WTA и ATP и ограничувањата наметнати од Соединетите Држави за вакцинација статус. меѓународни патници кои влегуваат во земјава“, се наведува во соопштението на организаторите на турнирот!

За учество на турнирот се пријавија најголемите ривали на Новак: Рафаел Надал, Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, додека Србинот следната недела ќе игра на турнирот во категоријата 500 во Дубаи.

Треба да знаете
Последни објави