Далас го прати Порзингис во Вашингтон

Екипата на Далас реши во последните моменти од преодниот рок во НБА-лигата, да се ослободи од центарот Кристапс Порцингис.

Летонецот ќе ја продолжи кариерата во редовите на екипата на Вашингтон, кој во спротивен правец ќе го испрати Спенсер Динвиди.

Порзингис своевремено важеше за еден од најдобрите центри во лигата, но серијата повреди на коленото беа причината да падне од форма.

Поради ова причина, првите луѓе на Далас се решија на ваков потег, бидејќи сакаа да имаат центар , кој ќе му помогне на Лука Дончич во продолжение на НБА сезоната.

Треба да знаете
Последни објави