Бундеслигашко засилување во Битола, Урбан Лесјак потпиша за Еурофарм Пелистер!

Големо засилување за Е. Пелистер. Како што иформираат од страна на битолскиот ракомете клуб, за идната сезона договорен и потпишан е Словенецот Урбан Лесјак. Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на битолскиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за кој настапуваше од 2010 до 2018 година. Дресот на словенечката репрезентација го носел 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година. Официјалното претставување на Лесјак во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.

Треба да знаете
Последни објави