Search

12 безживотни тела на бегалци пронајдени во Турција

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот Твитер профил објави дека станува збор за група од 22 бегалци кои грчките граничари ги вратиле во Турција, пренесе АП.

Тој рече дека телата биле пронајдени во близина на граничниот премин Ипсала меѓу Турција и Грција „без чевли и облека“.

Министерот Сојлу не даде повеќе детали, но ги обвини грчките гранични единици дека се однесуваат „сурово“, а ЕУ е попустлива кон Грција.

Треба да знаете
Последни објави