Search

Цеца раскина со дечкото

Еден од најекспонираните регионални парови во изминатата година беа турбо фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ и младиот угостител Богдан Срејовиќ. Фотографии од љубовната идила на парот редовно се објавуваа во медиумите, а Цеца не криеше дека по долги години е среќна во љубовта.

Следеше запознавање на Богдан со нејзините деца и внук, потоа таа се запозна со неговата ќерка и заедно заминаа на зимување, и кога се почесто се пишуваше на тема венчавка, парот изненади со краткото соопштение дека не се повеќе заедно, но секогаш ќе останат добри пријатели.

Таа со пријатели на Малдиви, тој со пријатели на Златибор, беше доволен показател за српските медиуми кои ги следеа во чекор, дека нешто не е во ред со нивната врска.

Избледени емоции и разлики кои не успеале да ги надминат, пишуваат тамошните медиуми, откривајќи дека од балканската љубовна бајка останале само спомени.

Треба да знаете
Последни објави