Search

Почина Моника Вити: Си замина кралицата на италијанскиот филм

Италијанската актерка Моника Вити, музата на режисерот Микеланџело Антониони, почина на 91-годишна возраст, јавуваат италијанските медиуми.

Веста за смртта на големата актерка ја пренесе писателот и режисер Валтер Велтрони, во име на долгогодишниот партнер на Моника, Роберто Русо.

„Збогум Моника Вити, збогум на кралицата на италијанскиот филм. „Денеска е навистина тажен ден, си замина голема уметница и голема Италијанка“, напиша во соопштението италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.

Моника Вити, родена како Марија Луиза Чечарели на 3 ноември 1931 година во Рим, стекна светска слава во 1960-тите години со појавување во филмовите на Антониони „Авантура“, „Ноќ“, „Затемнување“, „Црвена пустина“„Мистеријата на Обервалд“ – чија муза и најголема љубов му беше таа, а подоцна и во комедите на Марио Моничели. Работела и со Алберто Сорди.

Актерката, како што пишуваат италијанските медиуми, икона на италијанскиот филм, се повлече од сцената во 2001 година, поради Aлцхајмеровата болест.

Вити глумеше во повеќе ид 60-тина филмови. Неизмерниот талент на италијанскиот филм, како што го опишуваат медиумите, Моника Вити беше и авторка и режисерка.

Треба да знаете
Последни објави