Search

Мадона во тоалет го откри насловот на претстојниот биографски филм

Последниве неколку години Мадона напорно работи на филм инспириран од нејзината неверојатна кариера и безвременска музика.

А во вторникот, таа го откри насловот на последниот нацрт на својот филм. Ова го стори со дрска фотосесија што ја сподели на Инстаграм.

63-годишната музичарка обелодени копија од сценариото под наслов „Малиот врабец“ додека стои пред вратата на тоалетот облечена во црн костум.

Кралицата на попот која успешно им пркоси на годините, ја покажува најновиот стајлинг за коса со обоени темни корени на средина, додека остатокот е во платинесто руса боја.

На една од фотографиите, Мадона позира пред вратата од тоалетот, а на други седи на тоалетна школка и го чита сценариото.

Типично за Мадона, таа ќе направи сè само да биде различна од останатите, коментираат таблоидите.

Треба да знаете
Последни објави