Алијанса на Албанците: а потсетуваме ДУИ дека токму СДСМ и ВМРО, го сочуваа овој политички субјект како бела мечка,

Секогаш кога ДУИ како дел од 20-годишната власт е апострофирана како одговорна за негираната правда на многу Албанци кои како невини се осудуваат со затворски казни кадешто по затворите дури ја доживуваат смрта во очекување на правдата, како што беше случајот со покојниот Реџаил Ќерими, ДУИ се обидува невините да ги направи дури и жртви.

ДУИ, неможејќи да ги издржи критиките на јавното мислење и албанските граѓани кои со право го нарушуваат и онака урнатиот имиџ, барајќи одговорност, оваа партија се занимава со импровизации и видеа каде што е критикувана од експоненти на СДСМ и ВМРО и на тој начин се обидува да изиграва жртва и остава впечаток дека некој сака да и нанесе штета.
Ја потсетуваме ДУИ дека токму СДСМ и ВМРО, со кои долго време заедно владееја, го сочуваа овој политички субјект како бела мечка, поштедувајќи ги од правдата корумпираните функционери на ДУИ.
На граѓаните и на целата јавност им е добро познато дека ДУИ никогаш не била оштетена од македонските субјекти, туку постојано била разгалена. Се сеќавате ли на случајот „Пациентот” на Бујар Османи и на Маѓар Телеком на Али Ахмети!? Случаи кои никогаш не беа отворени, а беа прогласени за застарени, благодарение на политизираните судови и под влијание на судии и обвинители блиски до СДСМ и ВМРО.
Тоа што беше поинтересно, но, во исто време и смешно во видеото објавено меѓу експонентите кои сакаа да ја „оштетат” ДУИ, беше и еден од нивните коалициски партнери и поранешен кандидат на СДСМ за град Скопје, Петре Шилегов, за кого ДУИ заедно со високи функционери водеа кампања барајќи од  Албанците и од нивните гласачи да гласаат за него како кандидат за град Скопје. Каков апсурд и срам во исто време!
Треба да знаете
Последни објави