Search

Петков контра Радев: Посетата не беше избрзана, туку задоцнета

Бугарскиот премиер Кирил Петков се спротивстави на претседателот Румен Радев, кој го прекори дека неговата посета на Скопје била „избрзана“. Радев рече и дека секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна.

-Вистината е дека изгубивме 30 години во овие односи. Не само што не се брзаше со мојата посета туку беше ужасно задоцнета. Не јас како премиер, таа беше задоцнета бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап. Жал ми е што пропуштивме толку многу години и немаше да поднесеме да доцниме уште неколку дена. Има многу сили на Балканот кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Нестабилен Балкан во оваа геополитичка ситуација има предности за земјите кои не ни мислат добро“, рече Петков, додавајќи дека е добро што надворешната политика на Северна Македонија и Бугарија зависи од премиерите на земјите.

Треба да знаете
Последни објави