Search

Папата, СЗО и НАТО меѓу номинираните за Нобеловата награда за мир

Британскиот новинар и натуралист Дејвид Атенборо, Светската здравствена организација и белоруската дисидентка Светлана Тихановскаја се меѓу номинираните за овогодинешната Нобелова награда за мир, откако добија поддршка од норвешки пратеници кои имаат искуство во изборот на добитникот.

Меѓу кандидатите за ова признание се и Грета Тунберг, папата Франциско, владата на национално единство на Мјанмар, која беше формирана од противниците на минатогодишниот пуч и министерот за надворешни работи на Тувалуа Сајмон Кофе, се наведува во соопштение на норвешките пратеници, а пренесува „Ројтерс“.

За наградата номинирани се и рускиот дисидент Алексеј Навални, кој е во затвор, Меѓународниот кривичен суд во Хаг, „Викиликс“ и Челси Менинг, НАТО, хуманитарната организација CARE, иранската активистка за човекови права Масих Алинеџад и Арктичкиот совет кој е меѓувладин форум за соработка на арктичките земји.

Илјадници луѓе ширум светот, од членови на парламентот до поранешни добитници на оваа награда, имаат право да номинираат кандидати.

Меѓутоа, норвешкиот комитет за Нобеловата награда, кој одлучува кој ќе ја добие наградата, не ги коментира номинациите, држејќи ги во тајност имињата на предлагачите и оние кои не успеале цели 50 години.

Победникот за 2021 година ќе биде објавен во октомври.

Треба да знаете
Последни објави