Search

Лапорта: Милиони евра се украдени од Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, одржа драматична прес-конференција на која заедно со експерти ги презентираше резултатите од истрагата за активностите на минатото раководство на клубот.

Откриени се сомнителни и секако криминални дела. Мултимилионски суми биле необјасниво исплатени од буџетот на клубот, тврди Барса.

„Откриени се многу сомнителни дејствија. Се истражува се`. Пронајдени се неразумни и непропорционални плаќања. Наследивме астрономски долгови и огромни загуби и ова го кажуваме јавно затоа што навивачите имаат право да знаат што направила администрацијата пред нас. Се обративме до обвинителството“, започна Лапорта, па им даде збор на вештаците.

„Кога го презедовме клубот, видовме дека имаме многу долгови и немаме пари. Не можевме да платиме плати. Барса загуби 600 милиони евра за две години, а само 135 може да и` се припишат на пандемијата. Орочен долг во долгорочен долг нефункционирање на инфраструктурата која беше целосно застарена “, рече потпретседателот Едуард Ромео, економски експерт на клубот.

Хаиме Кампанер, експерт за економско право, потоа ја започна својата презентација. „Моравме да одиме на суд. Резултатите од нашата истрага се од криминално значење. Се обративме до обвинителството со докази. Станува збор за милиони. Огромни суми беа исплатени на посредници без никаква оправдана причина и објаснување. Нормално е дека тие биле и до 5 отсто“, рече тој и додаде:

“Адвокатите добиле големи пари без да направат ништо. Зборуваме за милиони евра – до седум милиони за трансфери на играчи. Вештачки создадени, невистинити приходи биле претставени како реалност. Клубот платил 1,7 милиони евра само за да ги замолчи луѓето. Има индиции за незаконската исплата на 15 милиони евра на клуб за правото да откупува млади играчи“.

„Знаевме дека во клубот не чека тешка економска ситуација, но ова ги надмина сите наши очекувања. Зборуваме за тотално нереални, милионски провизии. Ситуацијата е многу сериозна, не ја исклучуваме можноста некој да подигнал пари од клубот без јасна причина. Сакаме само да ја затвориме оваа темна страна од историјата на Барса…“, заклучил претседателот на Барселона.

Треба да знаете
Последни објави