Ковачевски: Интензивирање на економската соработка со Бугарија е правилниот пат за решавање и на другите прашања

Планот за зајакнување на економската соработка меѓу Република Бугарија и Северна Македонија кој го претставивме со премиерот Петков, започнува да се реализира напиша на фб премиерот Ковачевски.

Денес во Скопје се одржа првата средба на владините делагации со присуство на стопанските комори од двете земји каде веќе се договорени конкретни заеднички активности.

Донесен е заклучок за соработка меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и Фондот на фондови од Република Бугарија за развој на проекти и поддршка на компании во двете земји.

Силно верувам дека овој пристап на наоѓање заеднички интереси, проекти и решенија кои директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните е правилниот пат за зближување на двете држави и решавање на сите отворени прашања.

Треба да знаете
Последни објави