Search

Белорусија им дозволи на лекарите да дијгностицираат ковид без тест

Министерството за здравство на Белорусија им дозволи на лекарите да дијагностицираат Ковид-19 врз основа на клинички индикатори и рендген, без задолжителен ПЦР тест, пренесува РИА Новости.

Исклучок се случаите кога пациентот треба да биде хоспитализиран.

Беше објаснето дека оваа одлука е донесена со цел да се намали ризикот од инфекција со акутни респираторни инфекции, вклучително и Ковид-19, при посети на поликлиниките.

Треба да знаете
Последни објави