Search

Без струја делови од Бутел, Гази Баба и Аеродром

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Гази Баба и Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, од 8 до 10 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Натанаил Кучевишки“ во населбата Бутел 1.

Од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат потрошувачите од улицата „Неготинска“ во населбата Ченто, а од 9 до 15:00 часот, корисниците од дел од селото Долно Лисиче.

Причина за прекинот се техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа.бт/са/\

Треба да знаете
Последни објави