Актерот Моузис Џеј Мосли почина на 31-годишна возраст

Ѕвездите и креаторите на серијата The Walking Dead му оддадоа почит на актерот Моузис Џеј Мосли, кој почина на 31-годишна возраст.

Мосли го глумеше Мајк, зомби миленик, во постапокалиптичнaта хорор серија.

Неговиот колега од серијата, Џереми Палко, го опиша починатиот актер како „апсолутно љубезно и прекрасно човечко суштество“.

Мелиса Кауан, уште една ѕвезда од серијата, на својот Фејсбук-профил напиша: „Тој беше единствен, зрачеше со позитивна енергија, со својата насмевка можеше да ја осветли секоја соба“.

Официјалниот Твитер-профил на The Walking Dead, исто така, му одаде почест на починатиот актер.

„ТМЗ“ објави дека неговото семејство го пријавило неговото исчезнување минатата недела и дека полицијата ги истражува околностите на неговата смрт.

Светските медиуми пренесоа дека бил пронајден мртов во Стокбриџ, Џорџија, со прострелна рана, откако семејството поднело пријава за исчезнато лице минатата недела.

Причината за неговата смрт допрва ќе се истражува. Според некои медиуми, полицијата  ја истражува смртта како можно самоубиство.

Треба да знаете
Последни објави