Арсовска не сработе ниту еден проект, за 82 дена мандат успеа само да ја партизира градската администрација

Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема сработено ниту еден конкретен проект.
 Изминаа 82 дена од нејзиниот мандат, а граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската аминистрација и изземање од одговорност за своите надлежности, наместо решенија и проекти.
 Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Универзалната сала требаше да биде обновена. Требаше да завршат и реконструкциите на десеттина улици.
 Во отчетот Арсовска изостави неколку работи кои го одбележаа нејзиниот мандат и менаџерски способности: прекин на проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Целосно ги партизираше јавните установи и Град Скопје.
 По првите 82 дена од мандатот,  станува јасно дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави