H&M официјално отвора продавница во Ист гејт мол

Годинава во Ист гејт мол во Скопје познатиот шведски бренд H&M ќе има своја продавница, најави на својот инстаграм профил Арсим Папранику, првиот човек на новиот трговски центар.  На него се гледа дека на просторот наменет за овој бренд стои натпис дека H&M ќе започне со работа во 2022 година.

Во 2022 година H&M ќе стартува на шест нови пазари: првите продавници ќе се

отворат во Еквадор, Косово и Северна Македонија и преку франшиза во Костарика,
Гватемала и Камбоџа. Воведувањето на H&M онлајн продолжува во 2022 година со
Белорусија, Колумбија, Казахстан, Перу и Украина.
Извршниот директор Хелена Хелмерсон рече дека групата „силно ја заврши
годината, со продажбата повторно на исто ниво како пред пандемијата и со подобра
профитабилност отколку што беше веќе неколку години“.

Шведскиот евтин моден бренд Hennes & Mauritz AB во петокот објави дека неговата

нето-продажба во локални валути се зголемила за 8% во четвртиот квартал од 2021
година на 56 милијарди круни (6 милијарди долари) назад на нивото пред
пандемијата со целосна годишната нето-продажба зголемена за 6% до 199 милијарди
круни (21 милијарди долари).
Групацијата со седиште во Стокхолм соопшти дека нејзината бруто добивка за
четвртиот квартал се зголемила за 14% на 31,3 милијарди круни (3,3 милијарди
долари), додека за целата година се зголемила на 105 милијарди круни (11 милијарди
долари), од 93,5 милијарди круни.

Треба да знаете
Последни објави