Search

За Ема Томпсон било предизвик да се соблече во новиот филм

На Ема Томпсон ѝ бил исклучителен предизвик да се појави целосно гола во нејзиниот нов филм „Сo среќа, Лео Гранде“ (Good luck to You, Leo Grande).

62-годишната британска актерка глуми учителка која најмува машка придружба (Дерил Мекормак) со надеж дека ќе го доживее првиот оргазам, и иако претходно во кариерата не ѝ било пријатно да се соблече , таа призна дека нејзината возраст го отежнува снимањето на целосна фронтална сцена бидејќи публиката не е навикната да гледа постари „необработени“ тела на екранот.

На виртуелната дискусија „Синема кафе“ во рамки на филмскиот фестивал „Санденс“, таа рече: „Голем предизвик е да бидеш гола на 62 години.“

„Мислам дека не можев да го направам тоа пред возраста на која сум сега, а сепак, се разбира, моите години го прават исклучителен предизвик затоа што не сме навикнати да гледаме необработени тела на екранот“.

Актерката ветеранка смета дека сè уште од жените се очекува да одржуваат совршени фигури, што според неа, е ужасно барање.

„Ништо не е сменето во барањата што им се поставуваат на жените во реалниот свет, но исто така и во актерството. Ова дека морате да бидете тенки е сè уште исто како некогаш, и всушност мислам дека сега е дури и полошо.”

Треба да знаете
Последни објави