Search

Познати осминафиналистите: Шампионот Алжир си ги спакува куферите, Гамбија продолжи со изнанадувањата

Фудбалерите на Гамбија го потврди второто место на Африканскиот Куп на нации во групата Ф, откако во директен дуел го совладаа Тунис со 1-0 (0-0). Пресметката во Лимбе долго немаше голови, Тунижаните не реализираа пенал во првиот дел, а не издржаа и со доцнен гол Гамбијците дојдоа до славје.

Првото полувреме речиси во целост им припадна на фудбалерите на Тунис кои беа подобри, ја контролираа играта и правеа шанси. Во завршницата на првиот дел добија пенал, но ударот на Јазири го скроти Гаје.

Во самата завршница Гамбија стигна до трите бода, откако Абли Јалов успеа да ја скрши одбраната на Тунис и по асистенција на Бароу ги постави конечните 1-0 во 93. минута. Од оваа група се одигра и пресметката во која Мали ја потврди првата позиција со победата над Мавританија (2-0). Мали и Гамбија со по седум бода се на првото и второто место, а и Тунис како третопласиран од поредокот на третите ќе игра во осминафиналето.

Петходно денеска репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска со убедливи 3:1 славеше против селекцијата на Алжир, актуелен африкански шампион, кој неочекувано се простува од натпреварувањето уште во групната фаза.

Кеси, Сангаре и Пепе донесоа недостижна предност за „слоновите“ од 3:0, а поразот го ублажи Бендепка со гол во 73. минута. Брегот на Слоновата коска пак, во елиминационата рунда ќе одигра натпревар против Египет кој исто така нешто потешко се пласираше во следната рунда.

Екваторијална Гвинеја со 1:0 славеше против Гвинеја и го зазеде второто место во групата Е со што исто така обезбеди пласман во следната фаза.

Ова се двојките за осминафиналето:

Буркина Фасо – Габон

Нигерија – Тунис

Сенегал – Зеленортски острови

Мали – Екваторијална Гвинеја

Гвинеја – Гамбија

Камерун – Комори

Брегот на Слоновата Коска – Египет

Мароко – Малави

Треба да знаете
Последни објави