Search

Јуве сигурен против Удинезе за опстанок во битката за ЛШ

Јувентус ја забележа четвртата победа на последните пет меча во Серија А и е се поблиску до четвртото место на табелата, откако тимот на Алегри правилно се рехабилитираше од Суперкуп поразот во пресметката со Интер.

Тимот од Торино победи на домашен терен против Удинезе со 2:0, но топ тема по оваа средба дефинитивно ќе биде Пауло Дибала, кој веќе отвори голема дебата во јавноста уште во првото полувреме.

Аргентинецот го отвори резултатот со голот за 1:0, но наместо да го слави истиот, ги тргаше своите соиграч и испрати „убиствен“ поглед кон вип ложата каде вечерва беше сместен само Павел Недвед. Ова беше реакција на зајадливата изјава од оперативецот Аривабене во текот на оваа недела, извршниот директор кој порача дека Аргентинецот ќе мора да си го заработи новиот договор од клубот со своите настапи во периодот кој престои.

 

Ваквата јавна прозивка резултираше со нервозна реакција од страна на Дибала, кој вечерва одигра 90 минути и беше еден од најдобрите во тимот на Алегри.

По водството од 1:0, Јувентус ја потврди победата во вториот дел, кога на 11 минути пред крајот погоди МекКени со глава и ги постави конечните 2:0.

Јувентус има 41 бод на петото место, исто колку и Аталанта, но од 22 меча, два повеќе од бергамашите, а по еден од Наполи и Милан, кои на „старата дама“ ѝ бегаат два односно седум бода.

Треба да знаете
Последни објави