Search

Данска ја прегази Словенија, Србите немоќни против Хрватска

Светскиот шампион Данска со фантастично второ полувреме ја прегази Словенија со 34-23 за да обезбеди втора рунда на Европското првенство во Унгарија и Словачка во нашата група. Македонија по поразот од Црна Гора веќе е елиминирана, а Словенците во директна пресметка со Црногорците ќе решаваат за вториот патник.

Словенија се држеше и имаше сила против Данска само едно полувреме, откако во првото Данска успеваше да дојде максимум до три гола предност неколкупати, ама пресуди ужасно лошиот старт на Словенците на почетокот од вториот дел, кога негативата од два гола отиде на минус седум со серијата 6-1 на Данска (22-15), по што само прашање беше со колкава разлика ќе победи светскиот првак, а на крајот со серија од 4-0 дојдоа и до двоцифрена предност и убедливи 11 гола разлика.

Хансен даде осум гола, Гидсел додаде седум како најефикасни кај Данска, додека Мачковшек со шест беше најрасположен во словенечкиот тим.

Селекцијата на Хрватска ја совлада Србија во балканското дерби на второто коло од групата Ц со 23:20 на Европското првенство.

Натпреварот беше решен во второто полувреме во кое голманот на Хрватска, Мате Шуњиќ беше нерешлива енигма за српските ракометари. Хрватите првиот дел го добија со 11:9, а во второто полувреме ниту еднаш не дозволија ракометатите на Србија да израмнат, само во 31 минута беше 12:11, а потоа предноста до крајот на средбата се движеше од 3-4 гола. Иван Чупиќ и Иван Мартиновиќ со по шест гола беа најпрецизни, а додека Лука Циндриќ даде три гола. Кај Србија се истакна Богдан Радивојевиќ беше најдобар со пет гола.

Актуелниот европски шампион со 32:28 го совлада светскиот шампион Шведска, додека Русија приреди изненадување победувајќи ја Норвешка со 23:22.

Резултати:
Група А
Македонија – Црна Гора 24:28
Словенија – Данска 23:34

Група Ц
Франција – Украина 36:23
Хрватска – Србија 23:20

Група Е
Чешка – БиХ 27:19
Шпанија – Шведска 32:28

Група Ф
Словачка – Литванија 31:26
Норвешка – Русија 22:23

Треба да знаете
Последни објави