Search

(Фото) Прв тренинг на ракометарите во Дебрецин

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го одработе првиот тренинг во салата „Феникс“ во Дебрецин во која од утре стартуваат натпреварите од Д групата на ЕП 2022 година.

Кире Лазаров и неговите избраници вчера допатуваа во Дебрецен со чартер лет од Скопје. Иако за вчера беше предвиден попладневен тренинг истиот беше одложен па македонските репрезентативци денеска за прв пат ја почуствуваа ,,Феникс” арената.

Селекторот Кире Лазаров веќе утре од 18 часот ќе го има дебито на Европско првенство како селектор а противник ќе ни биде репрезентацијата на Словенија.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави