Search

Спектакл во Ријад: Реал по 120 минути стигна до победа над Барселона

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Супер купот на Шпанија, откако дури по 120 минути игра го победи најголемиот ривал Барселона со 3:2, на неутрален терен во Ријад, Саудиска Арабија.

Кралскиот клуб два пати беше во водство, Барселона два пати израмнуваше, па по 90 минути беше нерешено. Винисиус Јуниор го отвори гол-шоуто во 25 минута, а Лук де Јонг израмни пред крајот на првиот дел. Двата погодоци може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме во игра влегоа Падри и Ансу Фати, двајцата тинејџери на Каталонците, кои беа повредени неколку месеци. Реал пак прв даде гол. Карим Бензема погоди во 72 минута, а тинајџерот на Барселона Ансу Фати израмни во 83 минута, па мораа да се играат продолженија.

Во 98 минута, херој на Реал беше дефанзивецот Валверде кој погоди по една одлично одиграна контра на Кралевите. За Реал ова беше јубилејна 100-та победа во официјалните мечеви против Барселона. Во 248 меча, Барселона остана на 96 победи, а 52 средби завршиле нерешено.

Во финалето на Суперкупот, Реал Мадрид ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Треба да знаете
Последни објави