Search

Мектоминеј ја елиминираше Астон вила од ФА-купот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во следната фаза од ФА Купот откако со големи проблеми ја совлада Астон Вила со 1-0 на домашен терен.

Единствениот гол беше постигнат веќе во осмата минута, а стрелец е МекТоминеј кој на една нафрлена топка од десната страна, одлично реагираше и ја смести во мрежата. Астон Вила потоа имаше неколку шанси за израмнување, беше подобра во цело второ полувреме, но не успеа да постигне гол.

Јунајтед беше далеку од своето очекувано ниво поради што и навивачите останаа разочарани и често ги исвиркуваа фудбалерите.

Треба да знаете
Последни објави