Search

Четворица загинаа, 20-ина повредени во напади на пирани во Парагвај

Телата на четворица капачи кои биле изгризени од пирани се пронајдени во Парагвај, додека уште 20 лица се повредени по серијата шокантни напади на почетокот на оваа година, пренесува Дејли Мејл.

Масакрот во истоимената река се случил среде топлотниот бран кој ги намамил луѓето во водата за да се разладат.

Првата смрт е потврдена во неделата на 2 јануари по исчезнувањето на 22-годишниот млад човек кој пливал во реката Парагвај. Неговото распарчено тело било пронајдено 45 минути подоцна, а некои делови биле изедени од пираните. Вториот напад се случил на истата река кога 49-годишен маж бил пронајден мртов откако бил нападнат од пирани.Исчезнувањето било пријавено неколку часа претходно, а несреќниот маж бил искасан по лицето. Во овој случај, човекот наводно доживеал срцев удар во моментот или непосредно пред да го стигнат предаторите.

Реката Парагвај е една од најголемите во земјата, а главниот град Асунсион се наоѓа на нејзините брегови. Но напади се случија и на други водотеци, па уште две лица беа пронајдени мртви од каснувања од пирана во реката Тебикуари во неделата.

Пријавени се и напади кои не биле фатални, но довеле до сериозни повреди. Тие се случиле на реката Парана на членовите на рибарскиот клуб „Бела Виста“. Слични инциденти се случија и во соседна Аргентина, каде тинејџерка беше игризана од пирани.

Според локалните медиуми, ваквите напади биле чести на високи температури. Почести се во текот на летото кога рибите се размножуваат и се приближуваат до брегот и кога нивото на водата е ниско. Рибите убијци се претежно присутни во реките Парана и Парагвај, а имаат тенденција да се кријат под пловечки растенија,каде што може да ги чуваат своите јајца и потомци, пред ненадејно да ги нападнат жртвите.

Треба да знаете
Последни објави