Search

Џенова освои бод во Сасуоло, Милинковиќ-Савиќ го спасуваше Лацио

Фудбалерите на Џенова новата 2022 година ја почнаа со освојување голем бод на гостувањето кај Сасуоло (1-1), кој и тоа како ќе им значи во борбата за опстанок во Серија А со новите американски газди и новиот тренер Андриј Шевченко..

Тимот на нашиот Горан Пандев, кој мечот го почна од клупата, изненадувачки прв дојде до водство уште во седмата минута со маестрален гол со пета на Дестро, што беше единствен шут во рамки на голот на противникот во текот на целиот натпревар.

Домаќинот доминираше во сите 90 минути, имаше дури 28 шута кон голот на Џенова, од кои седум беа во рамките, а единствен што ја затресе мрежата беше ударот на Берарди во 55. минута. Пандев на теренот влезе во 75. минута, кога ја доби и капитенската лента, но не направи ништо освен што помогна да се задржи бодот.

Ова за Џенова беше второ реми во низа, останува претпоследна во Серија со само 12 бодови, четири помалку од Специја, која е прва над линијата за испаѓање од елитата, a со која се соочуваат во следното коло.

Претходно денеска Лацио и Емполи одиграа неверојатен меч. На крајот, средбата заврши 3:3 односно со поделба на бодовите и тоа по трилер завршница, каде што беше вмешан и вар-от.

Гостите преку Бајрами и Зурковски на самиот старт поведоа со 0:2, а преку Имобиле, Лацио намали на 1:2 со што се замина на полувреме. Нова радост за домаќините, овојпат во 66-та минута донесе Сергеј Милинковиќ Савиќ (2:2), додека нова предност на Емполи обезбеди Ди Франческо (73′).

Лацио преку Патрик, барем за кратко израмни на 3:3, но, по неколку минутен преглед од страна на ВАР беше признаен голот на домаќините, за потоа веднаш да се упати покрај екранот од страна на теренот и да ја провери ситуацијата сам. Тој го поништи голот на Патрик, се чини оправдано поради игра со рака. Во 87-та минута Чиро Имобиле, не успеа да реализира пенал, но возбудувањата не завршија тука бидејќи во судиското продолжение Лацио, конечно, успеа да израмни и тоа со новиот погодок на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Поради позитивни случаи на ковид-19 во редовите на Болоња беше одложен нејзиниот меч против Интер, а поради истата причина и позитивни случаи на ковид-19 во екипата на Торино, беше одложен и дуелот со Аталанта.

Во оваа рунда се одиграа уште два меча, Каљари славеше кај Сампдорија (1:2), а Верона со истиот резултат беше подобра од Специја.

Треба да знаете
Последни објави