Search

Таткото на Ѓоковиќ со политички говор пред српското собрание, го спореди Новак со Исус

Денеска пред Собранието на Србија во Белград се одржа народен собир за поддршка на Новак Ѓоковиќ, а на кој имаше и повици за преместување на протестот пред зградата на Австралиската амбасада.

За тоа време, таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ со мегафон им се обрати на насобраните, кои ги имаше неколку стотици. Тој во придружба на помалиот брат на Новак и на својата сопруга одржа  говор, полн со политички коментари па дури и со споредби на неговиот син со Исус Христос.

– Не го повикуваме народот пред амбасадата, туку пред нашето собрание, народното собрание, затоа што ова е наша земја. Не повикуваме на никакво насилство, туку само за поддршка на нашиот Ноле. На достоинствен начин, како и низ нашата историја, да се бориме за себе. Пред многу години бевме шест милиони, денес сме исто толку затоа што не убиваа, не бомбардираа, нè санкционираа … Не избркаа од нашата најубава земја на светот – но ништо не ни можат. Не можат да не фрлат на колена. Новак е нашето провидение. Тој стои на браникот на одбраната на слободољубивите народи од сиот свет. Запалете свеќа во црквите за Новак, за Србија, за сиот слободољубив народ и сите заедно да го издржиме ова одвратно однесување на политичарите. Новак не го даваме и треба да му дадеме поддршка на нашиот Ноле, нашиот Христос. Сите да го издржиме ова ужасно однесување на одвратните политичари. Ова не е политика, ова е народен митинг за нашиот Новак,  рече Срѓан Ѓоковиќ.

Тој потенцираше дека сите се со него- Балканот, Далечниот и Блискиот Исток,  Русија, Кина, Индија, цела Африка…

-Сите сме со нашиот Нолет и секој ден ќе нè има се повеќе и повеќе. Новак покажува дека ништо не е невозможно кога навистина сакате. Луѓе, Новак е Србин, од Србија, од овде, од Белград. А тој премиерот на Австралија Скот Морисон…скот. Србите, и сите други слободарски народи во светот, дојде време да престанеме да бидеме угнетувани. Ние сме дел од слободарскиот свет, нè има над седум милијарди и не можеме да бидеме затвореници на овие… Само името зборува на нивниот премиер Скот Морисон. Тие сакаат да го клекнат на колена, но не може! Ова е само почеток на агонијата. Тие сакаат да го држат не во притвор туку во затвор до понеделник. Замислете до понеделник да ги држите во затвор најдобрите светски спортисти…“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави