Search

Таткото потврди дека е пронајден таксистот во чие возило Матеј сакал да влезе

Шести ден трае потрагата во Белград по Матеј Периш од Сплит, кому на новогодишната ноќ му се губи секаква трага пред ноќниот клуб „Готик“ на брегот на реката Сава. Таткото на Матеј, Ненад  тврди дека е пронајден таксистот во чие такси возило сакал да влезе момчето за кое се претпоставува дека е Матеј.

Таксистот полицијата го интервјуирала и нема ништо спорно.

-Дали е слободно? прашало момчето. Тој претходно ја фатил рачката на задната врата, но бидејќи стаклата биле затемнети, не видел дали има патници. Потоа се наведнал и кога се уверил дека има патници позади, таксистот му одговорил: „Зафатен сум, имам возење“ , раскажува Ненад Периш.

Да потсетиме, неколку безбедносни камери, со видео надзор на повеќе згради, го снимиле неговото движење, како и престојот од речиси еден час во напуштена зграда позната како „Шпанска куќа“ во Савамала, но и спуштање во реката од скалите недалеку од ресторанот „Саванова“, на половина километар.

Никој не може да открие зошто младиот човек речиси лудо трчал по белградските улици, во раните утрински часови на последниот ден од декември.

Треба да знаете
Последни објави