Search

Полскиот претседател по вторпат заразен со коронавирус

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, e позитивен на коронавирус, соопшти денеска неговиот главен помошник за државната новинска агенција ПАП.

„Дуда е во изолација“, додаде тој, а пренесува „Ројтерс“.

Да потсетиме, Дуда еднаш веќе прележа Ковид-19 во октомври 2020 година.

Дуда (49) е вакциниран против коронавирусот, а примил и бустер доза минатиот месец. Полскиот претседател бил тестиран оваа недела поради случаи меѓу вработени во неговата канцеларија.

Повеќе од 4,1 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во Полска од почетокот на пандемијата, а досега починале 98.034 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави