Search

Нуркачите не успеаја да го најдат телото на Матеј во Сава

Шести ден по ред трае интензивната потрага по исчезнатиот Матеј Периш. Новинарот на ТВ Пинк, Младен Мијатовиќ, соопшти нови информации околу потрагата во реката Сава.

Мијатовиќ јавува дека се уште се ангажирани сите ресурси на српското МВР за да се реши мистеријата за исчезнувањето на младиот човек од Сплит.

Припадниците на речната полиција денеска заедно со граѓаните го пребараа коритото на реката Сава за евентуално да го пронајдат телото на Матеј. Според Мијатовиќ, таа потрага е завршена и во коритото не било пронајдено ништо, што би укажало дека таму е телото на исчезнатото момче.

Нуркачите го пребаруваат секое место околу реката. Мијатовиќ рече дека потрагата продолжува се додека не се разреши оваа мистерија.

Треба да знаете
Последни објави