Search

„4 шишиња виски и 6 шишиња вино“, очевидец за друштвото на исчезнатиот Хрват

Другарите на Матеј Периш (27), со кои седеше во клубот „Готик“ во Бетон хала кобната ноќ меѓу 30 и 31 декември кога исчезна околу 2.30 часот наутро, таа вечер биле одлично расположени. Тие нарачувале шишиња со алкохолни пијалаци, открива за „Блиц“ извор кој вечерта бил во „Готик“.

– Друштвото во кое беше Матеј нарачуваше големи количини алкохол. Зедоа четири шишиња виски, шест шишиња вино… Имаше сè. Тие беа бучни и затоа обезбедувањето одвреме-навреме ги смируваше – изјави за „Блиц“ очевидец.

Извор на Блиц тврди дека било „повеќе од очигледно“ дека сите биле под дејство на алкохол.

Една од претпоставките што деновиве се појави во медиумите е дека Матеј Периш под дејство на алкохол излегол од „Готик“ без јакна, само во маица со кратки ракави и почнал да трча, за да се отрезни малку.

Според таа теорија, младиот човек набрзо се дезориентирал, што го објаснува неговото чудно однесување на снимките снимени од надзорните камери, на кои се гледа како се обидува да влезе во такси под Бранковиот мост, иако бил оддалечен само 200 метри од „Готик“.

– Трчал долго, можеби околу еден час. Можеби мислел, ако конзумирал алкохол или што и да е, дека во тој час ќе се отрезнеч – изјави денеска Слободан Мишковиќ, поранешен инспектор за киднапирања и изнуди.

Треба да знаете
Последни објави