Search

Д-р Јанковиќ: Следат над 20.000 случаи дневно во Србија

Во последните 24 часа во Србија, тестирани за ковид-19 се 21.876 лица, од кои позитивни се 5.224, додека починати се 19, додека пак вчера од вкупно 14.062 тестирани лица, 2.765 биле позитивни и 27 лица починале.

Омикрон апсолутно доминира во Србија, само што тоа не е реално согледано низ тестовите. Ни следат петоцифрени бројќи на новозаразени дневно, а дали тоа ќе биде повеќе од 20.000 или 30.000 не знам и не можам да кажам. Буквално пола граѓани на Србија ќе бидат на боледување во јануари, рече проф. др. Радмило Јанковиќ, заменик директор на Универзитетски Клинички центар Ниш.

Треба да знаете
Последни објави