Search

Град Скопје нема пари за реновирање на Универзална сала

Град Скопје нема пари за втората фаза од реновирањето на Универзална сала. За првата фаза, односно реконструкција на надворешноста, парите беа обезбедени од Владата. За втората фаза, уредување на внатрешноста, требаше да биде распишан нов тендер, да се обезбедат дополнителни средства и градежните работи да почнат годинава пишува сдк.мк.

Во моментов, според договорот склучен од минатото раководство на Градот, се изведуваат градежните работи за фасадата и куполата на концертната сала, кои треба да завршат напролет. Дали потоа ќе се продолжи со реконструкција на внатрешноста не се знае бидејќи, како што вели градоначалничката Данела Арсовска, Градот нема пари.

„За втората фаза нема ништо, нема проектна документација. Во овој момент нема ништо околу овој проект, ќе треба да видиме дали ќе бидат обезбедени средства затоа што Градот е презадолжен. За да се прави нешто треба пари“, рече Арсовска.

Град Скопје лани во јуни почна со реконструкција на Универзалната сала. Проектот е поделен на два дела односно прво се реновира надеворешноста и куполата, а потоа беше предвидено да се прави внатрешноста.

Извор: сдк.мк

Треба да знаете
Последни објави