Јувентус го продал Мората во Барса, ќе дебитира на 12 јануари против Реал

Алваро Мората е многу близу да го облече дресот на Барселона овој преоден рок, јавуваат шпанските медиуми.

Напаѓачот ќе го напушти Јувентус и ќе се врати во татковината за да го облече дресот на Каталонците. Тој моментално е на двегодишна позајмица во редовите на италијанскиот тим од Атлетико Мадрид.

„Старата дама“ нема да го откупи неговиот договор и ќе му дозволи шестмесеци порано да го напушти клубот. Атлетико пак исто така е расположен да го позајми Мората во Барселона, а за целосен откуп ќе се разговара по завршувањето на оваа сезона.

Според дел од шпанските медиуми, целата работа е 95 отсто завршена, но Барселона прво мора да се ослободи од Лук де Јонг за да направи место за Мората.

Според пишувањето на Газета Дело Спорт, 95% од преговорите се завршени, Мората до крајот на неделата ќе се пресели во Барселона, ќе потпише договор на 18 месеци, а ќе дебитира за Барса на Суперкуп натпреварот против Реал Мадрид на 12 јануари.

Треба да знаете
Последни објави