Четири првотимци на Челси против Лукаку

Англиските медиуми пишуваат дека тренерот Томас Тухел се обидува да го реши проблемот со Ромелу Лукаку, а Германецот добил поддршка од Цезар Аспиликуета, Нголо Канте, Жоржињо и Антонио Рудигер за да го исфрли Белгиецот од тимот за мечот против Ливерпул.

Лукаку претходните денови покажа незадоволство во Лондон, поради што мораше да реагира тренерот и јавно покажа желба да се врати во Интер. Тоа ги налути навивачите на Челси, кои сакаат веднаш да биде продаде Белгиецот, но исто така и Тухел е разочаран и кажа дека дополнително ќе се разговара за ситуацијата.

Лукаку не беше во конкуренција за натпреварот со Ливерпул и тоа беше врвот на тензијата на релација помеѓу лондонскиот клуб и репрезентативецот на Белгија. Англиските медиуми известуваат дека одличниот напаѓач вчера воопшто не бил на „Стенфорд Бриџ“ за време на натпреварот.

Тухел има поддршка од најважните членови на екипата, па така Лукаку можеби е најскапо засилување на „сините“, но сепак не е поголем од Челси и затоа ќе мора да се смири ако не сака да биде целосно исфрлен од тимот.

Треба да знаете
Последни објави