Search

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Попов колку чинеше новогодишната прослава во Скопје

Соопштение до јавност, реакција на прес конференцијата на Мартин Попов

Новогодишната прослава чинеше за 100 илјади евра помалку од таа што Шилегов ја направи на криминален начин и за која ДКСК покрена иницијатива за разгледување.
Прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари, за разлика од тие кои ги организираше најбогатиот градоначалник во Европа, Петре Шилегов. Од ваквите автоголови и лаги на СДСМ, и Мартин Попов кој што го пуштаат очигледно низ вода, на јавноста и е преку глава.

Но, прашањето на кое требаше да одговори СДСМ денес е:
Како граѓаните да го преживеат новото второ поскапување на струја од над 15 проценти?
Новото поскапување на парното греење за 14,05 проценти?
И новото поскапување на метанот за 120 проценти?
Веројатно овие прашања не ги засегаат милионерите од СДСМ на кои крадените пари им се доволни, но граѓаните не може да врзат едвај крај со крај поради расипништвото на власта.

Треба да знаете
Последни објави