Search

Алек Болдвин им се заблагодари на луѓето кои му помогнаа во многу тешко време

Алек Болдвин им се заблагодари на своите поддржувачи што му испратија добри желби додека се обидува да помине низ најтешкиот период од неговиот живот, по фаталниот инцидент на сетот на филмот Rust.

Актерот сподели видео на Инстаграм во петокот во кое им се заблагодари на сите што му пристапиле и му пружиле поддршка од крајот на октомври, кога се случи несаканиот инцидент во Ново Мексико, каде што се снимаше нискобуџетниот вестерн.

Случајното пукање на пиштол-реквизит заврши трагично за снимателката Халина Хачинс.

„Сакав да издвојам момент и да им се заблагодарам на сите оние луѓе кои ми испратија толку убави зборови и најдобри желби, сила, надеж и молитви…“, вели Болдвин во триминутното видео.

„Толку многу чувства од толку многу луѓе. Добив стотици е-пошти од пријатели, од семејството и колегите, и од луѓе кои ми посакаа сила, истрајност и добри желби. Многу сум благодарен за тоа “, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави