Search

Ема Вотсон била вљубена во Том Фелтон

Ема Вотсон се сети на моментот кога како тинејџерка се вљубила во нејзиниот колега од серијалот „Хари Потер“ Том Фелтон.

31-годишната актерка, која ја глумеше Хермајни Гренџер во волшебничката филмска франшиза, се присети на нејзината вљубеност во Том, кој го толкуваше злобниот Драко Мелфој.

Во специјалната емисија на „ХБО макс“ со наслов „Враќање во Хогвортс“ (Return To Hogwarts), актерската екипа повторно се собра за да ја прослави 20-годишнината од првиот филм „Хари Потер и каменот на мудроста“.

На Ема ѝ се придружија нејзините поранешни колеги Даниел Редклиф и Руперт Гринт, и сите заедно се навраќаа на времето кога го глумеа легендарното магично трио Хари, Рон Визли и Хермајни.

Тогаш Ема почна да зборува како срцето ѝ чукало побрзо кога била во близина на Том.

И покрај тоа што со години имаше шпекулации за наводна врска, никогаш ништо не се случило меѓу неа и Том.

34-годишниот актер откри дека бил свесен за својата тајна обожавателка откако некој од тимот му кажал дека многу ѝ се допаѓа на Ема.

Треба да знаете
Последни објави