Турската ѕвезда Меријем Узерли го привлекуваше вниманието на гледачите со нејзината убавина и мудрост како Хурем султан во серијата “Величествениот”. Но, покрај тоа што во животот не ја следела среќата, изгледа дека сепак ужива во мирот и среќата.
Славната Хурем настојува да биде што подобра мајка за своите ќерки, 7-годишната Лара и Лоли Кои, која во јануари ќе наполни една година. Дека комплетно се посветила во таа улога покажуваат и секојдневните фотографии со ќерките кои ги споделува на социјалните мрежи.
Иако се вратила на својата прва љубов -глумата, изгледа дека Меријем зачекори и во манекенските води. Работи и како модел промовирајќи модни брендови, а моментално е заштитно лице на “Maison Novague” кој на пролет идната година ќе ја претстави својата прва колекција.
Глумицата во центарот на Берлин отворила и продавница со вкусни и здрави слатки задоволства “Nosh Nosh”.
Преземено од Точка