Search

Кутињо на чекор до трансфер во Арсенал

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е пред трансфер во Арсенал и враќање во Премиер лигата, каде со успех претходно настапуваше за екипата на Ливерпул.

Според англиските и шпанските медиуми, 29-годишниот Кутињо не е во плановите на новиот тренер на Барселона, Чави, и се поизвесно е дека во јануарскиот преоден рок ќе го напушти каталонскиот клуб.

Кутињо во периодот од 2013 до 2018 година настапуваше за Ливерпул, а потоа за сума од 120 милиони евра се пресели во Барселона. Сепак, Бразилецот не успеа да се наметне во редовите на Барселона и неговата пазарна вредност значително опадна. Една сезона мина како позајмен фудбалер во Баерн Минхен, но германскиот гигант не сакаше да го откупи неговиот договор.

Треба да знаете
Последни објави