Search

Кевин Дурант треба да се врати на кошаркарските терени оваа недела

Ѕвездата на кошаркарскиот НБА-лигаш Бруклин, Кевин Дурент, се очекува да се врати на терените оваа недела.

Дурант моментално е во карантин. Во четврток Бруклин ќе игра на домашен терен против Филаделфија.

– Постои голема веројатност Кевин да биде со нас за кога ќе се вратиме дома по денешниот натпревар со Лос Анџелес клиперс . Што се однесува до Кајри Ирвинг, не сум сигурен, но и овој момент се ближи. Во неговиот случај ќе ни требаат уште една или две недели за да влезе во форма. Тој не тренираше со нас откако беше во тренинг кампот во октомври, соопшти тренерот на Нетс, Стив Неш.

Следните гостувања на Бруклин се во јануари: Индијана (6 јануари), Чикаго (13 јануари), Кливленд (17 јануари).

Треба да знаете
Последни објави