Search

Калиопи го прослави 55-иот роденден: „Себеси се гледам како времето да не постои“

На денешен ден во 1966 година во Охрид е родена нашата македонска поп дива, Калиопи Букле.  Таа го поминува детството во Кичево, а првпат станува позната во јавноста по настапот на фестивалот „Златно Славејче“ во 1976, каде ја интерпретираше „Мојата учителка“, песна која е синоним за нејзините почетоци во кариерата.

Годините според неа се навистина само бројка и најважно е да се следат соништата и да се одбира она што се сака вистински – а за неа отсекогаш тоа било пеењето.

Денес таа сподели емотивно видео на својот инстаграм-профил, каде низ досега необјавени ретро фотографии од своето најрано детство до денес, се опфатени сите изминати години поминати со семејството, пријателите, музиката…

Во објавата пишува:

„Еј луѓе мои! Ајде да го прославиме новиот почеток низ моите 55 години живот. Затоа што годините се само бројка, а помислата на годините е она што го гледаме во огледалото, како што сакаме да се видиме.

Како се гледам себеси? Се гледам себеси како времето да не постои! Да се радуваме во тоа име!

ПС: Ти благодарам Ромео за оваа роденденска химна!“

Среќен роденден драга Калиопи, ти посакуваме здравје, успеси и радост!

Треба да знаете
Последни објави