Search

Втората сезона на „Бриџертон“ доаѓа во март

Една година откако „Бриџертон“ почна да се емитува на стриминг-платформата „Нетфликс“ и стана еден од најголемите хит-серии гледана во милиони домаќинства ширум светот, фановите беа почестени со голема вест за втората сезона: датумот на нејзиното објавување.

„Нетфликс“ и „Шондаленд“ го најавија враќањето на серијата и соопштија дека втората сезона ќе почне да се прикажува на 25 март.

Одржувајќи чекор со традицијата на романите на Џулија Квин, сезоната 2 ја раскажува приказната за потрагата по љубов на лордот Ентони Бриџертон (Џонатан Бејли). Кога Кејт Шарма и нејзината помлада сестра Едвина пристигнуваат од Индија, Ентони почнува да ѝ се додворува на втората сестра, а Кејт наскоро открива дека неговите намери за брак не се искрени.

Треба да знаете
Последни објави