Search

(ВИДЕО) Тексашкиот пензионер Џим си бара жена преку билборд: Еве што му се желбите!

Џим Бејс, 66 годишник од Тексас, одлучил да си ја најде љубовта на својот живот на несекојдневен начин. Тој не отворил Тиндер или апликација за „спарување“, туку решил да најде друг начин. Наједноставното решение е – барање жена преку билборд. Ефектно, зарем не?

Билбордот е објавен месецов, а на неа е Бејс во карирана кошула со каубојски шешир со барањето:

„Се бара: добра жена, од 50 до 55 години, за разговори, прошетки и меѓусебни нежности“ – пишува на фотографијата.

Џим е двапати разведен и има пет деца. Тој пробувал неколку пати преку апликации за врски да се спои со многу жени, но вели дека тие не го прикажувале вистински односот со другата страна и тешко било да се договорат средби со потенцијалните партнерки.

„Драго ми е што го објавив огласот на билборд. Размислувам и за нова фотографија таму, знам дека ќе добијам многу телефонски повици“ – самоуверено вели тој.

До сега Бејс бил на четири или пет средби благодарение на билбордот, но уште е во потрага по жената од своите соништа.

 

Треба да знаете
Последни објави