Search

Аманда Сејфрид го поминува Божиќ далеку од сопругот и синот по изложување на Ковид-19

Актерката Аманда Сејфрид и нејзината четиригодишна ќерка беа принудени да се изолираат од нејзиниот сопруг Томас Садоски и 15-месечниот син за време на Божиќ, откако таа била изложена на коронавирус.

„Ме убива тоа што јас и моето девојче овој Божиќ се одвоивме од нејзиниот татко и брат. Ужасно време да се биде во изолација и тоа се случува насекаде,“ напиша таа на Инстаграм.

„Се трудам максимално да ја пронајдам убавината, да се приспособам на реалноста и да создадам убави спомени од нашиот празник во изолација, но многу е тешко. И тоа е во ред исто така. Среќен Божиќ на сите. Држете ги луѓето што можете да ги држите поцврсто, уште поцврсто.“

Аманда, исто така, откри дека била изложена на Ковид само неколку дена пред да може да прими т.н. бустер или засилувач на вакцината, и прашува дали правилата треба да се променат.

Треба да знаете
Последни објави